Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, бил жртва на измама.
Имено, извесна Марија Силва, 53-годишна Португалка која работи како туристички агент, е осудена на четири години условна казна и отштета за измама, а една од жртвите во измамата е Кристијано Роналдо, пренесуваат англиските медиуми.
Силва го оштети Роналдо за нешто повеќе од 250.000 фунти преку разни измамнички трансакции.
Таа го оштети Роналдо за повеќе од 200 непостоечки патувања во Африка, Европа и САД, за што му наплати.
Таа им давала погрешна информација на оштетените, па парите наместо да одат на сметка на компанијата во која работи, завршиле на нејзина сметка.
Покрај Роналдо, Силва ги оштети и фудбалскиот менаџер Жорж Мендес за повеќе од 15.000 фунти и фудбалерот Нани за 1.500 фунти.