Конечно завршува една од најголемите трансфер саги ова лето. Голгетерот Хари Кејн добил одобрение од Тотенхем да го комплетира трансферот во Баерн Минхен, па 30-годишниот напаѓач треба да замине за Германија. Баерн ќе ги направи медицинските тестови и ќе потпише четиригодишен договор со англискиот капитен.
Се очекува Кејн да го носи дресот со број „9“, откако синоќа се согласи да му се приклучи на шампионот во Бундеслигата. Неговата годишна плата треба да изнесува 25 милиони евра.
Кејн сакаше неговата иднина да биде решена пред почетокот на сезоната во Премиер – лигата, Тотенхем в недела ќе игра против Брентфорд.