Левандовски дојде во Барселона од Баерн во летото 2022 година во трансфер вреден 45 милиони евра. И покрај тоа што веќе е во зрели фудбалски години, сепак е клучен играч, но и одличен пример за помладите играчи на каталонскиот клуб. Минатата сезона го освои шпанското првенство, што беше негова 11. шампионска титула во кариерата, а беше најдобар стрелец во Ла Лига со 23 гола.

Сезонава е најдобар стрелец на клубот со 20 гола во сите натпреварувања, а зад него е Феран Торес кој постигна 11.

Левандовски има договор со Барселона до летото 2025 година со опција за задолжително продолжување на уште една година во зависност од бројот на настапи претходната сезона, но не недостига интерес за неговите услуги и од други клубови.

„Мундо Депортиво“ објави дека саудиските клубови се подготвени да му понудат на Полјакот двегодишен договор вреден над 200 милиони евра нето плата, пус други бенефиции и бонуси за кои ќе се преговара.

Сепак, Полјакот остана целосно ладен на таа понуда. Неговата желба е да остане во Барселона бидејќи верува дека може да продолжи да игра на врвно ниво, а неговото семејство е многу среќно во Каталонија, а играчот веќе искомуницирал во кругот на пријатели дека планира да остане да живее во Барселона дури и по завршувањето на играчката кариера.