Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија серијата на победи во Евролига, а жртва е тимот на Париз кој загуби во Белград со 85:69.

„Црвено-белите“ се во ритам во европското натпреварување а Париз влегува во криза и ова му беше петти пораз во низа. Гостите од Франција го добија првиот период со 25:15, но потоа домаќините ги добија преостанатите три четвртини за 12-та победа во 20 натпревар.

Кенан со 15 поени беше лидер на листата на стрелци кај домаќинот, додека пак на дуелот најефикасен беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс со 17 поени, плус 4 асистенции и 1 украдена топка.

Партијата на колото ја имаше Везенков од Олимпијакос кој против Баерн Минхен постигна 45 поени. Бугаринот погоди осум од десетте удари за три поени, шутираше перфектно за два поени (10 од 10) и од „пенал“ линијата (1/1), а имаше и 7 скокови со 2 асистенции во триумфот на грчкиот тим од 112:69. Со ова Саша Везенков постави нов рекорд на постигнати кошеви на еден меч за клубот од Пиреја.

Останати резултати: Анадолу Ефес-Асвел 76:82, Жалгирис-Реал Мадрид 64:83, Виртус Болоња-Басконија 76:74