Екипата на Валенсија за која брани македонскиот репрезентативен голман Димитриевски,  оваа сезона ја очекува жестока борба за опстанок во Ла Лига. и мора да победува, освојува бодови кога има добра ситуација за тоа.

 „Лилјаците“ со катастрофален кикс во самата завршница останаа без бодови во дуелот со Реал Мадрид на почетокот на оваа година, а останаа без победа на гости кај Севилја во 93 минута иако имааа водство до самиот крај.

Валенсија поведе со голот во 61 минута преку Риоха по асистенција на Дуро. Гостите водеа се до финишот и со одлична одбрана ги одбија сите напади на домаќините и изгледаше дека со три бода ќе го напуштат „Рамон Санчез Писхуан“. Меѓутоа во судиското продолжение во 92 минута по ударот на Педроса многу лоша реакција имаше грузиецот Мамардашвили кој се врати на голот на Валенсија по повредата, односно го пресели нашиот Столе Димитриевски на клупата за резерви.

Грузискиот голман имаше очајна реакција, едноставно им подари гол на домаќините кои со ова избегнаа болен пораз, а Валенсија загуби два бода (ОВДЕ погледнете ги головите)

Со 13 бода Валенсија е на последното место на прволигашката табела во Ла лига.