Фудбалерите на Лион со три гола го „нокаутираа“ Рен (3-1) во 30. коло од Лига 1 и остануваат во трка за местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона.
Рен по само 11 минути игра го пронајде патот до мрежата на Лион, откако Гуири стрелаше за 1-0, но гостите доживеаа потоп во вторите 45 минути.
Пресвртот на Лион го најави Толисо во 60. минута со велемајсторски гол од 25 метри , а веднаш потоа Лаказет погоди за 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Баркола.
Лион има 47 бодови на седмата позиција, односно три помалку од шестопласираниот Рен во Лига 1.