Во полуфиналето на Лигата на нации на Сан Сиро се сретнаа Италија и Шпанија, а Шпанците извојуваа победа од 2: 1, со што ја прекинаа серијата Италијанци од 37 последователни натпревари без пораз .
Италијанците беа запрени. Ја совладаа Шпанија во полуфиналето на Европското првенство после подоброто изведување пенали, но сега Шпанија возврати, славеше со 2: 1 и се пласираше во финалето на Лигата на нации. Како резултат на тоа, серијата на Италија од дури 37 последователни натпревари без пораз беше прекината, што е исто така светски рекорд.
Од почетокот играта беше динамична, а Шпанија погоди во 17. минута од многу убава акција , Ојарзабал одлично центрираше од левата страна , Бастони не успеа да ја пресече топката која стигна до Феран Торес кој рутински реализираше за 0:1 .
По примениот гол, Италија едвај се спасуваше . Топката мина низ рацете на Донаруми по шутот на Алонсо, но Бонучи расчисти во последен момент.
Италијанците имаа две одлични шанси во една минута , непосредно пред ситуацијата што ги одведе подалеку од победата. Најпрвин Бонучи заработи жолт картон за приговор а само неколку минути подоцна , во 42. минута и втор жолт картон по стартот врз Бускетс .
Шпанците веднаш го искористија тоа и со вториот гол на Торес по нова асистенција на Ојарзабал , заминаа на 2: 0.
Торес мораше да ја напушти играта уште на почетокот на второто полувреме поради повреда, а Италија тргна во походза да се врати во игра.
Дури во 83 -та минута Италијанците го намалија водството искористувајќи ја грешката на Пау Торес, Киеза излезе сам кон голот и несебично го проигра Пелегрини кој лесно погоди .
ВИДЕО
https://www.youtube.com/watch?v=N6ERICU1tGcДо крајот на натпреварот, сепак, Шпанија ја контролираше ситуацијата на теренот и ја задржа предноста.
Противникотво финалето ќе го дознаат утре кога Франција и Белгија ќе се сретнат во второто полуфинале.