Екипата на Монако ги разочара своите фанови на стадионот „Луј Втори“ загуби со 1-3 (0-1) од незгодниот тим на Ремс во 18. коло од француската Лига 1.
Првото полувреме започна со динамична игра на двете страни. Монако се трудеше да дојде во водство и имаше две солидни прилики, но гостите приредија „студен туш“ во 35. минута, кога Теди Теума постигна гол за Ремс.
Домашниот тим бргу успеа да израмни на 1-1, а стрелец на погодокот беше Висам Бен Једер во 49. минута. Кога домашните навивачи помислија дека Монако тргнува кон пресврт и победа, Ремс одново ги шокираше домашните со вториот гол, а овој пат прецизен беше Реда Кадра во 55. минута.
Монако со сите сили се обиде да дојде барем до бод и да избегне големо разочарување на домашен терен, но гостите не дозволија да го загрозат одличниот резултат од гостувањето во кнежевството, а на крајот забележаа и уште поубедлива победа откако Матусива ги постави конечните 1-3 во последните секунди од дуелот.
Победничкиот тим стигна до деветтата сезонска победа и е на петтата позиција со 29 освоени бодови, додека Монако е третопласиран, но направи чекор назад во однос на водечките екипи и останува на 33 бодови.