Ливерул го совлада Ватфорд на гостински терен со убедливи 0: 5.

По натпреварот предводникот на црвените од Енфилд Јирген Клоп, со изјава за медиумите:

“Ма дајте веќе да бидеме на јасно. Кој е подобар од Салах во моментов. Никој.”

Мо Салах со магичен потег на натпреварот во 54. минута зголеми на 0:4. Феноменалниот напаѓач уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери на планетата. Уживајте во мајсторијата.