Тој со години е еден од најдобрите напаѓачи во светот. На натпреварот против Вотфорд, Садио Мане стигна до јубилејот, првиот гол на натпреварот беше негов стоти во Премиер лигата. Успехот на сенегалскиот фудбалер е поголем бидејќи не постигна ниту еден гол од пенал.
Од тие 100 гола, Мане постигна 21 во дресот на Саутемптон, а ова беше негов 79 -ти за Ливерпул. На тој начин, тој стана само третиот африкански фудбалер што станал член на престижниот „Клуб 100“. Пред него тоа го направија само Дидие Дрогба и Мохамед Салах.
Досега само Емил Хески и Лес Фердинанд беа стрелци на најмалку 100 гола во елитното натпреварување, без да постигнат ниту еден гол од пенал.
Пред да дојде во Англија, Садио Мане играше за Мец и Салцбург. Летото 2014 година, тој пристигна во Саутемптон за 23 милиони евра, а Ливерпул го купи две години подоцна за 41 милион евра. Моменталната вредност на Сенегалецот на пазарот е двојно поголема од таа сума.