Столе Димитриевски голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, очекува дека ќе ја сочува мрежата мирна, но бара и голема поддршка од фановите за утрешниот меч против Грузија.

„Се подготвуваме максимално за утрешниот меч. Лично, очекувам да ја сочувам мрежата, а се надевам дека ќе успееме да оствариме важен триумф. Јас уживам кога играме на домашен терен зашто чувството е многу поинакво. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број и дека ќе не бодрат“, изјави Столе Димитриевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра утревечер (20.45 часот), на арената „Тодор Проески“.