Адама Траоре е фудбалер на Вулверхемптон кој денеска пристигна во Барселона на шестмесечна позајмица. Траоре долго време е хит на Премиер Лигата поради својот изглед, кој го привлекува вниманието на аналитичарите и коментаторите во преносите. Шпанецот е исклучително силен, а тоа може да се види на многу фотографии од натпревари на кои изгледа како машина во однос на противничките дефанзивци.
Додека беше во младинската школа на Барселона, Траоре беше само неразвиено дете, а денес тој е човек за чие ниво на физичка подготвеност постојано се зборува.
„Сите тие приказни за изгледот ги коментираше самиот Траоре кој напиша: „Знам дека нема да ми верувате, но јас не кревам тегови. Тоа е генетика. Вежбам, но многу брзо кревам мускулна маса“, изјави Траоре за шпанскиот Виала Сексту.