Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско (30) во понеделникот објави дека го напушта „кралскиот клуб“ по истекот на договорот на 30 јуни.
“Кога бев во Малага знаев дека ќе заминам бидејќи Реал ми тропна на врата. И никој не треба да му каже не на Реал, иако секогаш има исклучоци. После девет години го завршувам моето патување во Реал, клубот кој ми дозволи да ги исполнам сите мои соништа што ги имав како момче. Покрај тоа што ги исполнив соништата, освоив повеќе титули отколку што можев да замислам, играв со најдобрите играчи. Најдоброто време го поминав во клубот“, напиша Иско на Инстаграм.
Но, тој не објави каде ќе ја продолжи кариерата.
Иско оваа сезона забележа само 17 настапи за Реал, во кој пристигна во 2013 година од Малага. Во текот на девет сезони, тој одигра 353 натпревари и постигна 53 гола. Со Реал освои 19 трофеи, вклучувајќи пет трофеи во Лигата на шампионите