После четири меча без триумф, Мајорка со пресврт успеа да ја шокира Валенсија и тоа среде „Местаља“ за да излезе од кризата по денешната победа со 2-1 во 11-то коло во Ла Лига.
Иако Валенсија поведе преку Единсон Кавани, кој го даде четвртиот гол во шестиот меч за „љиљаците“, неочекувано Мајорка успеа не само да се врати во мечот, туку и да победи откако Ведат Муричи во 66-та израмни, а комплетниот пресврт го комплетираше Ли Канг-Ин на седум минути пред крајот.
За Валенсија ова беше четврти пораз сезонава и остана на 15 бода на деветото место, додека Мајорка дојде до третата победа и со 12 бода сега е 12-та.