Вицешампионот Еурофарм Пелистер едвај победи против Пролет со 24-23 во возбудливиот натпревар на кој битолчани имаа големи минус пет гола, но во завршницата успеаа да дојдат до пресврт и триумф.
Пролет имаше големи 21-16 и потоа ракометарите на скопскиот тим загубија здив, а Пелистер успеа да направи кам-бек за да дојде во егал ситуација 22-22, а потоа и да поведат со 24-22 за да исчекорат кон победата. Пролет имаше шут за реми, но ударот на Аларов од десет метри заврши во дирекот од голот на битолчани.
Хосни даде шест гола како прв стрелец на Пелистер, а Костески додаде четири. Кај Пролет, Аларов даде пет, а Палевски погоди четирипати.
Победи и Тиквеш против Голден Арт со 28-21 во меч на кој гостите во Кавадарци се држеа едно полувреме, но во вториот дел кавадарчани на искуство успеаа да дојдат до сигурен триумф.