Давид Мандиќ го одигра првиот натпревар против Французите и заработи црвено-син картон, суспензија за натпреварот против Србија. Требаше да игра против Украина, а потоа шок – Мандиќ е позитивен на коронавирус! Сепак, се чини дека некој згрешил, ги заменил тестовите и со тоа и наштетил на хрватската репрезентација
Давид Мандиќ доби позитивен тест за коронавирус во понеделникот (17-ти јануари) и затоа го пропушти последниот натпревар од групната фаза против Украина. Тој беше вратен во Загреб со други заразени соиграчи од Сегед, а останатите репрезентативци тргнаа за Будимпешта каде се играат натпреварите од второто коло на Европското првенство.
Реално, штабот на „каубоите“ тогаш го избриша Мандиќ за продолжениито на натпреварувањето .
Сепак, Мандиќ повторно беше тестиран во Загреб и два пати беше негативен, па селекторот Хорват повторно го повика во Унгарија. Во Будимпешта Мандиќ направи нов тест, кој повторно беше негативен.
Но, според правилата на ЕХФ, играчот може да игра не порано од пет дена по позитивен тест, што значи дека Давид Мандиќ се вратил во репрезентацијата пред предвидениот рок!
„Од утрото беше голема драма. Прво, Мандиќ не може, па можеби може, па на крајот не може повторно“, изјави Ивано Балиќ за РТЛ се што се случуваше пред натпреварот со Црна Гора и продолжи:
„Давид дојде овде во салата со нас, му рекоа дека не може да игра. Во пресрет на загревањето, конечно му беше кажано дека може. Што ќе се случи следно, немам поим “
Давид Мандиќ играше против Црна Гора, постигна еден гол, но …
„Ми рекоа „играш, не играш“. Ова нема смисла. Бев во соблекувалната и ми рекоа играш, не играш, ништо не се знаеше. ЕХФ мора да направи нешто затоа што навистина нема смисла. Доаѓам во хотелот и ми велат дека дефинитивно не играм и дека ќе играм против Данска. После тоа велат дека играш, јас доаѓам во салата велат дека не играш. Сето ова ме измори, изгледав лошо, ме боли грбот, но нема оправдување, за Хрватска треба да умреш. Целата ситуација е хаотична и не знам што да ви кажам“, се пожали Давид Мандиќ по натпреварот.
И тогаш што се случи? Дали ЕХФ му ’прости’ и му прогледа низ прсти или пак имаше забуна со првиот позитивен тест од Сегед, се уште не е познато. Според некои информации, се чини дека најверојатно се заменети тестовите на Давид и Матеј Мандиќ – голманот на хрватската репрезентација. Ако е тоа вистина, тогаш некој од ЕХФ и организаторите нека реагира, барем да се извини за оваа катастрофална ситуација која ја оштети Хрватска .