Дејан Манасков влезе во ритам. Кам-бекот на теренот го имаше против Алборг во рамките на Лигата на шампиони, а веќе денеска очекувано се најде во составот на Веспрем во унгарскиот шампионат.

Неговиот тим славеше против Дабас со 44-29 во рамките на 24. коло, ова беше 22 победа за Веспрем со два порази и се наоѓа на првото место на табелата.

Македонскиот репрезентативец, Манасков беше најдобар на теренот, постигна десет гола од 11 обиди.