Ракометарките на македонскиот шампион Ѓорче Петров од Скопје, беа поразени во реваншот од осминафиналето со 33-34 од чешкиот Хазена Кинжварт, но благодарение на победата од првиот натпревар (32-29) се пласиаа во четвртфиналето на Европскиот куп.
Двете екипи водеа израмнета битка од самиот почеток на натпреварот сè до 7-7, а потоа Ѓорче Петров постигна два гола по ред за водство од 9-7. До полувреме продолжи добрата игра на македонската екипа која на паузата замина со 20-16.
Домашните ракометарки во второто полувреме заиграа подобро и до средината на полувремето поведе со 26-24. Ѓорче Петров, сепак, се разбуди во завршницата и набрзо ја врати неизвесноста за на крајот да загуби само со еден гол разлика (33-34).
Најдобар стрелец кај чешкиот тим беше Патрнчиакова со осум гола, пред Безрукова со шест гола, а Дворакова постигна пет голови. Кај Ѓорче Петров, Дамјаноска и Николовска постигнаа по шест гола, а Јанкуловска и Коларовска по пет голови.