Новиот тим на Елмас, Лајпциг на двапати водеше но сепак загуби од Баер Леверкузен. Елиф Елмас повторно доби шанса во финишот од дуелот, а Лајпциг на свој терен загуби од Леверкузен со 3-2, со гол примен во судиското продолжение од натпреварот.
Втор меч за Елмас во дресот на Лајпциг, и овојпат нашиот фудбалер во игра влезе во 84. минута од натпреварот.
Лајпциг почна одлично, Симонс во седмата минута донесе водство од 1-0.
Предноста на домаќините траеше до втората минута од второто полувреме кога Теља изедначи на 1-1.
Во 56. минута Опенда ја врати предноста за Лајпциг, но веќе во 63. минута Тах изедначи на 2-2.
Се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, но во 91. минута Педро Хинкапие постигна гол за победа на Баер Леверкузен од 3-2 кој се зацврсти на лидерската позиција вои Бундес лигата.