Изданието на Килијан Мбапе за Реал во дерби натпреварот против Барселона предизвика потсмев и на социјалните мрежи, а богами се истакнаа и битолските мајтапџии.

Сеирџиите од Битола му измислија нов прекар на францускиот репрезентативец за кого велат дека ако бил битолчанец, ќе го викале – Мбапе Офсајдо. Алузијата е јасна – Мбапе буквално се удави во офсајди, противничките дефанзивци дури осум пати го фатија во недозволена позиција.