Флорентино Перез ѝ забрани на делегацијата да патува во Париз, а поради тоа пристигнаа голем број реакции на социјалните мрежи.
Таа ситуација ја искористија и навивачите на Атлетико Мадрид за да го прикажат Антоан Гризман како господин.
Францускиот фудбалер во 2018 година остана без „Златната топка“, иако со Франција ја освои светската титула, а наградата му припадна на Лука Модриќ.
„Сите знаете што се случи во 2018 година. Модриќ ја освои наградата пред Гризман, кој беше светски шампион. Без разлика на тоа, Гризман беше во публика и му аплаудираше на победникот. Тоа е разликата меѓу господин и кретен“, напиша навивач на Атлетико.