Лидерот во италијанската Серија А, Наполи, со големи три бода се враќа од Милано откако со 2-0 го совлада Милан, двата голови беа постигнати во првото полувреме.

Наполитанците поведоа уште во петтата минута кога Лукаку ја покажа својата снага и реализираше за водство на Наполи од 1-0.

Вториот гол го постигна Кварацхелија пред крајот на првото полувреме кога со удар од далечина погоди за победа од 2-0.

Екипата на Наполи останува главна во калчото. Тимот предводен од Антонио Конте е првопласиран во калчото, со серија од десет натпревари без пораз во сите конкуренции.

По доаѓањето на Конте, Наполи игра и победува. Некогаш не блеска, но пак освојува бодови. Во дуелот со Милан го скрши мразот од пет меча без триумф против „росонерите“ како гости и ја запиша осмата победа во десет одиграни кола во Серија А.

Милан засега е на осмото место кое е далеку од посакуваното.