Вицешампионот на Германија Борусија Дортмунд го совлада Манчестер Јунајтед со 3-2 во пријателски натпревар кој се одигра на „Алеџант“ стадион во Невада. „Милионерите“ и „ѓаволите“ одиграа отворен дуел со многу шанси и пет гола.

Диого Далот во 24.минута донесе предност за Манчестер Јунајтед, а пред крајот на првиот дел следуваше пресврт со двата гола на Дониел Мален.

Ентони во 52.минута го израмни резултатот, но Јусуфа Мукоко постигна победнички гол за Борусија Дормтунд во 71.минута од натпреварот.

За тимот на менаџерот Ерик Тен Хаг, ова беше трети пораз по ред во контролите, откако губеа и од Рексам и Реал Мадрид, додека тимот од Дортмунд ги доби сите досегашни контролни натпревари.

Следен тест за Борусија е со Челзи на 3-ти август, а Манчестер ќе се сретне со Ленс на 5-ти август.