Српскиот голгетер Александар Митровиќ игра во животна форма веќе две сезони и постојано ги тресе противничките мрежи, а тоа продолжува и откако направи трансфер во Саудиска Арабија.
Многумина очекуваа дека квалитетот на Митрогол ќе падне по заминувањето во оваа земја, но Србинот ги демантира злите јазици и воодушеви со уште едно ремек-дело.
Србија играше своевидно финале против Црна Гора за пласман на Европското првенство, а Митровиќ со гол уште во 9-та минута ја најави победата.
Напаѓачот на Ал Хилал ја прими топката надвор од шеснаесетникот, умешно се ослободи од првиот чувар, по што режираше тривела мајсторија за најавните шпици.
Бравурозната егзекуција на Митровиќ предизвика ерупција на стадионот „Рајко Митиќ“, каде имаше неверојатна атмосфера по повод балканското дерби.
Ова е вториот гол на Митровиќ за водство на Србија од 2-1.