Лионел Меси се врати во стартната постава на Аргентина против Перу и режираше фудбалски бравури во Лима, не само поради головите кои ги постигна, туку и поради техничките елементи кои ги понуди во текот на натпреварот.
Перуанците немаа решение за капитенот на светскиот шампион и едноставно во многу наврати се мачеа да му ја одземат топката, но сепак една ситуација отскокнува од сите други.
Меси покажа неверојатни движења на мал простор во близина на аут линијата и на маестрален начин се ослободи од двајца чувари, меѓутоа најдебелиот крај го извлече Јотун.
Играчот за врска на Перу двапати паѓаше на земја поради лажните движења кои ги режираше Меси, а воодушевен од цела оваа акција остана и Лионел Скалони.Селекторот на Аргентина одблиску ја следеше цела акција, па возбудено ги креваше рацете кога Меси се ослободи од пресингот и ги насамари двајцата противници.