Борусија Менхенгладбах после пет натпревари без победа и повеќе од месец и пол голема криза, конечно успеа да победи во бундеслигата. Денеска со 2-0 го победи Волфсбург за да остане во трка за место во Европа.
Борусија ја оствари деветтата сезонска победа, а пресудни беа два моменти, кога двапати домаќините ја затресоа гостинската мрежа. Прво Нејтан Нгуму во 34-та минута, а потоа Маркус Турам во 63-та за бундеслигашот да излезе од кризниот период.
Менхенгладбах сега има 35 бода на 10 место, само шест помалку од седмо и осмопласираните Ајнтрахт и Мајнц, додека Волфсбург остана на 39 бода една позиција пред нив и во завршните седум кола битката за место во Конференциската лига останува отворено и многу неизвесно.
Головите од денешниот меч може да ги погледнете ТУКА и ТУКА.