Наместо лондонско дерби вакво понижување одамна не е видено, Арсенал како гостин го растури тимот на Вест Хем со 6-0 за четврти триумф во низа во Премиер лигата.

Екипата на Арсенал го забележа најголемиот триумф сезонава, а воедно и му го нанесе најголемиот пораз на Вест Хем во меѓусебните пресметки.

Решавачки беа последните 15 минути од првото полувреме во кое „топчиите“ постигнаа четири од шесте голови и ги разочараа домашните фанови. Резултатот го отвори Салиба, продолжи Сака, а погодија уште Габриел и Тросар за убедливи 4-0 на полувреме. Во вториот дел, од 63 до 66. минута постигнати се уште два гола а стрелци беа Сака и Рајс за комплетен дебакл на Вест Хем.

 

Со оваа победа Арсенал остана на два бода негатива во однос на лидерот Ливерпул, а се израмни со Манчестер Сити кој има натпревар помалку.