Аргентинската фудбалска звезда Лионел Меси со семејството се пресели во нова луксузна вила за која плати околу 11 милиони долари, а истата се наоѓа на брегот на Форд Лодердејл.

Просторот во кој престојува Меси има 1.000 квадратни метри со девет спални соби, девет купатила, 10 кревети и базен со поглед на море, а куќата се наоѓа на 15 минути од стадионот.

Меси во дресот на Интер Мајами настапи на 11 натпревари, а притоа постигна 11 голови и пет асистенции.