Македонската репрезентација во веслање замина за Букурешт , Романија каде претстојниот викенд (16 и 17.09.2023 год.) ќе учествува на Балканскиот шампионат во веслање .
Покрај македонската репрезентација , ќе настапат и најдобрите млади веслачи од домаќинот Романија , потоа Хрватска, Грција, Турција, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија .
Нашата репрезентација ќе ја претставуваат веслачите : Ана Прентоска , Климентина Стојмиловска , Кристијан Китаноски , Александар Хиохи , Вања Кукунеш , Андреј Симоновиќ , Леон Шутиноски и Цвете Димоски сите од ВК Црн Дрим – Струга , предводени од тренерот Никола Мариноски , претседателот на ВФМ Здравко Голабоски и тим менаџерот Коста Хиохи .
На нашите веслачи им посакуваме многу успех и добри резултати во Букурешт !