Новак Ѓоковиќ во голема драма и дури по тај-брејкот од третиот сет го совлада сонародникот Ласло Јере на стартот од турнирот во Белград. По мечот, најдобриот светски тенисер ја критикуваше одлуката на Вимблдон да им забрани настап на руски и белоруски тенисери.
Секогаш ќе ја осудувам војната, нема да ја поддржувам. Јас како дете имам големи трауми од војна, а ние на Балканот сме имале многу војни. Но не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, тоа е лудост. Играчите и тренерите немаат врска со тоа, во спортот тоа не смее да се случува“, изјави српскиот тенисер.
Дел од тениската јавност ја поддржа оваа одлука на најголемиот турнир во светот, наведувајќи слични примери од други спортови, а друг дел смета дека одлуката не е фер кон руските спортисти, кои сигурно веќе настапуваат без руското знаме. Одлуката на Вимблдон беше силно критикувана и од АТП.