Одбојкарите на Италија се пласираа во финалето на Светското првенство со победата од 3:0 над Словенија (25:21, 25:22, 25:21).
„Аѕурите“ во неделното финале ќе се соочат со домаќинот Полска, додека Словенците ќе се борат за бронзениот медал против репрезентацијата на Бразил.
Италијанците беа одлични од самиот старт и го отворија натпреварот со серија 7:1. Словенците донекаде успеаја да се вратат, но таа разлика се покажа преголема за остатокот од првиот сет.
Во вторiot, многу слична ситуација. Италија имаше 6:3, па беше 10:10, но на крајот повторно влезе со блага предност и ја материјализираше за 2:0 во сетови.
Не случајно и третиот сет започна со серијата на Италија од 5:0, а Словенија повторно се врати и израмни на 17:17.
Сепак, повторно квалитетот беше поочигледен и избраниците на Џианели успеаја да го приведат натпреварот до крај за пласман во големото финале.