Светскиот рекет број 1 Ига Свијатек од Полска го доби финалето на УС Опен против Тунижанката Онс Џабеур во интересен дуел во кој Свијатек беше подобра во клучните моменти…
Кога Ешли Барти се пензионираше на почетокот на годината, тронот и го препушти на Ига Свијатек, велејќи дека е нејзин природен наследник. Полјакињата многу брзо го потврди тоа на теренот и е апсолутен светски број еден денес.
Многумина сметаа дека тешко ќе ги повтори сите тие резултати на тврда подлога, но во текот на годината таа перцепција многу се промени и Свијатек потврди колку е добра и сестрана тенисерка.
Во Њујорк загуби два сета до финалето, Германката Жил Нимаер и го одзеде првиот сет во осминафиналето, но откако Свијатек ја достигна врвната форма, мечот отиде во само еден правец, за што сведочат 6:0 во трет сет. Во полуфиналето против Арина Сабаленка исто така тргна побавно, го загуби првиот сет и направи пресврт во мечот. Таму во третиот сет беше во негатива од 4:2, но победи со четири врзани гема.
Онс Џабеур, пак, загуби само еден сет до финалето, изгледаше многу добро и мотивирано, но во финалето не најде решение за Свијатек. Во вториот сет се чинеше дека може да го продолжи мечот и да гсе оди во третиот сет, но на крајот Свјатек беше подобра.
Првиот сет беше решен откако Џабеур се врати од брејк и намали на 3:2. Свијатек одговори со три гема во низа, од кои два на сервис на Тунижанката и го одзеде сетот 6:2.
Во вториот сет, Џабеур двапати се враќаше од брејк, спаси една меч топка на 6:5 и се водеше голема борба во 13. гем. Таа водеше со 5:4, но Свијатек со три поени во низа го освои тај-брејкот и титулата на УС Опен.
Ова беше нивни петти меѓусебен дуел и трета победа за Свијатек. Тие се сретнаа двапати оваа година и двата пати славеше полската тенисерка, првиот пат во мај во Рим, а вториот пат сега во Њујорк.
УС Опен, финале:
Ига Свијатек (Полска, 1) – Онс Џабеур (Тунис, 5) 6:2, 7:6(5)