Британскиот тенисер Енди Мареј го совлада Австралиецот Ник Киргиос со 2-0 во сетови.

Со оваа победа Мареј се пласираше во финалето на турнирот во Штутгарт кој се игра на тревна подлога и е дел од „подготвителната“ турнеја пред Вимблдон.

Натпреварот што го одигра Мареј против Киргиос во многу нешта беше сличен на оној што го одигра со Стефанос Циципас.

И против Кирјос првиот сет беше многу неизвесен и мораше да се реши во тај-брејк што го доби Британецот.

Во вториот сет Мареј одигра уште подобро. Направи два брејка и го доби вториот сет со убедливи 6:2, а со тоа и мечот против Киргиос.

Мареј во финалето ќе игра против италијанскиот репрезентативец Матео Беретини, кој со 2-0 го победи домашниот тенисер Оскар Оте.

Ова е втор турнир што Мареј го игра на трева оваа година. Тој претходно натпреварувањето го заврши во полуфиналето во Сурбитон, каде беше поразен од Денис Кудла.

Со оваа победа Мареј се пласира во 70-то финале во кариерата!

https://twitter.com/TennisTV/status/1535642300365344768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1535642300365344768%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D11nav_id%3D2169669