Српскиот вонсериски центар на Денвер, Никола Јокиќ одигра историска партија што долго ќе се памети во најсилната кошаркарска лига во светот. Сепак и тоа не беше доволно за триумф на Денвер.

Екипите на Денвер и Минесота одиграа две продолженија а победникот беше одлучен во драматични услови, во кои убедливо најлош поединец беше Расел Вестбрук.

Плејмејкерот на Денвер успеа да ја уништи историската партија на српскиот див, кој одигра 52 минути и постигна 61 поен, 10 скокови, 10 асистенции и 2 украдени топки.

Јокиќ постави личен рекорд по бројот на постигнати поени, имаше вистинско кош шоу, меѓутоа за жал мораше да се помири со болен пораз поради два шоканнти потези на неговиот соиграч.

Денвер имаше еден поен предност (139:138), а Вестбрук најпрво промаши зицер и лесен кош, а потоа во завршната акција направи  фаул без потреба и му овозможи на противникот да изведе три слободни фрлања.

На овој начин, Денвер беше осуден на пропаст, па Минесота си замина со победа од 139:140 од „Бол арената“.

Извонредниот Стеф Кари беше лидер на Вориорси и ги водеше до победа над Гризлис во Мемфис од 125-134. Најдобриот тројкаш во историјата на НБА на овој дуел постигна 52 поени. Во победничкиот тим се истакнаа и крилото Џими Батлер со 27 поени, 6 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки и Дејмонд Грин со 13 поени, 10 скока и 12 асистенции.

Најдобар во тимот на Мемфис гбеше Џа Морент со 36 поени, 3 скока, 6 асистенции и 2 украдени топки.