Енис Барди се врати во Трабзон но во дресот на Бодрумспор и постигна гол против својот поранешен тим во четвртфиналниот дуел од Купот на Турција. По првото полувреме, резултатот меѓу Трабзонспор и Бодрумспор е 2-2, а Барди погоди во 20.минута, за водство на својот тим од 1-2.

По постигнувањето на голот, Барди ги крена рацете и застана, и стави до знаење дека нема да се радува, од респект кон својот поранешен тим.