Португалскиот ас Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Ал Наср, кој оствари голема победа во дербито над Ал Хилал со 3-1 во 26. коло во првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо беше двапати стрелец во 47 на асистенција на Садио Мане и во 88 минута од пенал, првиот гол за Ал Наср го постигна Ал Хасан. Ал Булахи го постигна голот за домапниот тим.
Ал-Наср, тимот на Кристијано Роналдо има 54 бодови, додека Ал-Хилал остана на 57 бодови. Лидер е Ал-Итихад со 61 бодови.
https://twitter.com/i/status/1908246430097219773
Со овие два голови Роналдо стигна до бројката од 931 гола во кариерата.
По двата голови и одличната игра, Роналдо во финишот на средбата доживеа нешто што не се очекуваше. Навивачите на Ал-Хилал кој е голем ривал на Ал-Наср со аплауз ја наградија португалската ѕвезда, иако игра за противничкиот тим.