Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Купот на Шпанија, откако каталонците го елиминираа тимот на Атлетико Мадрид. По голеадата на првиот меч 4-4, во Мадрид на Метрополитано видовме само еден гол, а беше дело на Феран Торес а во режија на големиот талент Јамал.
Ламине имаше маестрална асистенција а Торес успеа во 27.минута да ја затресе мрежата на Атлетико.
Во вториот дел Диего Симеоне нападот го засили со Сорлот, не успеа да погоди од чиста позиција, потоа го совлада Шчесни, но поради офсајд голот му беше поништен.
Атлетико потфрли на овој дуел, скоро и да немаше ниту една шанса пред голот на Шчесни, и остана без третиот трофеј оваа сезона, му останува само битката за титулата во Примера.
Единствениот гол може да го погледнете Овде.
Ел Класико во Купот на Шпанија ќе се одигра на 26 април во Севилја.