Одредени се тројцата кандидати за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во фудбалската 2023 година.

Изборот не беше лесен, годинава паднаа многу убави и атрактивни голови, но жирито одбра три.

Првиот е на Хулио Енсизо од Брајтон, кој во мај постигна феноменален гол со шут од далечина против Манчестер сити и ја круниса убавата акција.

https://twitter.com/i/status/1735322918358233548

Вториот кандидат е Гилерме Мадруга од Ботафого Сао Пауло, кој во јуни даде гол со ножички од голема далечина на дуелот со Новоризонтино.

Третиот гол е на Нуно Сантош од Спортинг Лисабон. Во март годинава тој погоди атрактивно со „рабона“ на дуелот со Боависта.