Меѓународната тениска федерација (ИТФ) го прогласи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, за најдобар тенисер во машка конкуренција за 2023 година, поради неверојатната сезона која остана зад него.
Новак оваа награда, која го носи епитетот „светски шампион“, ја освои по осми пат и со тоа го подобри својот рекорд, откако Пит Сампрас е зад него со шест освоени титули. Идентична награда во женска конкуренција доби Белорусинката Арина Сабаленка.
„Честитки за нашите светски шампиони од 2023 година. Овие награди се доделуваат на спортисти кои имале неверојатни сезони. Сите заедно имаат освоено 24 гренслем-титули во 2023 година. Се надеваме дека уживаат во паузата од тенисот и им посакуваме се најдобро за следната година“, изјави Дејвид Хагерти, првиот човек на ИТФ.