Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Русинот Карен Kачанов во осминафиналето на АТП турнирот во Дубаи со 2:0 во сетови (6:3, 7:6).
Ѓоковиќ го доби првиот сет со фантастичен сервис. Тоа најдобро се гледа по тоа што имаше максимален учинок од 14/14 на прв сервис. И Карен не беше лош, но против Новак во вакво издание е тешко да се игра.
Русинот додаде гас во вториот сет и го одведе сетот во тај брејк. Новак тај брејкот го реши во своја корист со 7:2.
Во четвртфиналето ривалот на Новак ќе биде подобар од мечот меѓу Весели и Баутиста. Тој натпревар е на програмата утре.