Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко се огласи на социјалните мрежи и испрати порака до своите сонародници. “Украина е мојата татковина. Отсекогаш сум бил горд на мојата земја. Поминавме низ многу тешки времиња заедно. Во овие 30 години се формиравме како нација. Нација на чесни, вредни луѓе кои ја сакаат слободата. Ова се најважни денови за нас. Мора да се обединиме. Заедно ќе победиме. Слава на Украина“, напиша поранешниот фудбалер на Милан и на украинската репрезентација.