Најтрофејниот италијански клуб планира на лето да испрати понуда до Пол Погба, кој ќе биде слободен агент, бидејќи му истекува договорот со Манчестер јунајтед. Токму во Торино, Французинот стекна светска слава и го играше најдобриот фудбал во кариерата.

Втората голема трансфер-цел на Јувентус е Николо Заниоло од Рома. Младиот Италијанец иако има сериозни проблеми со повредите и натаму важи за еден од најголемите таленти на Апенинскиот полуостров. Тој има договор со „волчицата“ до јуни 2024 година, но „Старата дама“ е подготвена да инвестира сериозни пари за да го доведе во Торино.

Со овие двајца, тренерот Масимилијано Алегри на располагање ќе има вистински дрим-тим за следната сезона.