Шампионот на Италија Наполи без муниција беше и против тимот на Монца. Наполи одигра 0-0 против Монца на домашен терен во 18. коло од Серија А, додека Фиорентина славеше со 1-0 против Торино.
Актуелниот италијански шампион промаши голем број шанси, додека Монца не реализираше пенал преку Песина во 68. минута.
До крајот на натпреварот во Неапол, тренерот Валтер Мацари доби црвен картон.
Екипата на Фиорентина стигна до десеттата победа во Серија А оваа сезона откако во финишот го скрши отпорот на Торино и славеше со 1-0. Сега „виолетовите“ со 33 бода се наоѓаат на четвртата позиција на табелата во Серија А.
Стрелец на победничкиот гол беше Лука Раниери во 83.минута од натпреварот.