Македонскиот голгетер, Бојан Миовски ја напушти Шкотска, и во текот на денот и официјално треба да стане нов фудбалер на Џирона. Ланскиот хит во Примера имаше неверојатна сезона и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, па поради тоа градат тим кој ќе биде конкурентен во европската фудбалска елита.
Сега веќе поранешниот член на Абердин, утрово се упати за Шпанија, каде по лекарските прегледи ќе стави потпис со Џирона, а фановите на клубот веќе направија песна во негова чест. Песната е проследена со видео од најдобрите голови на Миовски во дресот на Абердин.
Македонецот со Џирона ќе потпише договор на четири години, а шкотскиот клуб од овој трансфер ќе инкасира 8.5 милиони евра.