Репрезентацијата на Англија не делува како супер фаворит на почетокот на ЕВРО 2024, но веќе освои четири бода. По победата од 1-0 против Србија, тимот на Герет Саутгејт вечерва одигра 1-1 против Данска. Во последното коло ќе се судрат со Словенија, што ги става многу блиску до пласман во осминафиналето.
Хари Кејн го отвори резултатот во 18. минута, но Мортен Хјулманд израмни со прекрасен гол од далечина во 34. минута.
Во второто полувреме, Англија беше поактивна. Фил Фоден ја погоди стативата, Оли Воткинс имаше шанса за гол, но и Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да спречи втор погодок во неговата мрежа.