Челси има повеќе нови засилувања кои беа скапо платени, но тимот на Грем Потер сѐ уште не функционира според неговите замисли. Барем ако се суди според дуелот со Фулам кој заврши без голови.
Енцо Фернандез и Михаило Мудрик беа во тимот, но иако Челси имаше неколку шанси, на крајот мрежата на Фулам остана мирна и мечот заврши 0-0.
Лондонскиот великан има само една победа во последните пет натпревари, а ова му беше второ реми по ред и со 30 бода се израмни со осмиот Брентфорд, но многу далеку од главната цел местото во ЛШ. Фулам со петтото реми дојде до 32 бода и е шести на табелата.