Фудбалскиот клуб Кадиз му честиташе на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој денеска го слави својот 34-ти роденден.

Французинот игра фантастично во последните три сезони, постигнува голови како на лента и е незаменлив во Реал. Тој веќе има постигнато 13 гола во Ла Лига, а кога на тоа ќе се додадат седум асистенции, доаѓа до фактот дека директно учествуваше во создавањето на половина од головите на Мадрид оваа сезона!

Извесно е дека вечерва ќе игра против Кадиз, па клубот од Андалузија реши да му испрати честитка со посебна посвета.

„Среќен роденден Карим, земи слободен ден и прослави го роденденот со пријателите и семејството. Нема потреба денеска да доаѓаш на натпреварот“, порача Кадиз на социјалната мрежа Твитер.