Со победата на Рома во финалето на Конференциската лига против Феенорд (1:0), Жозе Мурињо стигна до петтиот трофеј во своето петто европско финале. Пред Рома, Португалецот освојуваше европски трофеи со Порто, Интер и Манчестер Јунајтед.
Мурињо стана само вториот стручњак во историјата со пет европски титули. Пред него само Италијанецот Џовани Трапатони успеа да го освои Купот на шампионите со Јувентус (1985), два Купа на УЕФА (1977, 1993) и Купот на победниците на куповите (1984), а со Интер Купот на УЕФА (1991).
Откако судијата означи крај на натпреварот, Мурињо се расплака. “Испишавме историја. Ќе одбијам секоја понуда. Оставете ги гласините, останувам тренер на Рома“, изјави Мурињо по финалната пресметка во Тирана.
„Штом пристигнав во Рома, знаев што значи ова натпреварување за клубот. Ова беше историја. Напишавме историја. Вложивме многу напор во ова натпреварување“, изјави Португалецот кој на Рома и го донесе првиот голем европски трофеј.