Елиф Елмас одигра едно полувреме за Наполи како стартер против Вилјареал, а беше заменет на стартот на второто полувреме при резултат 1:1.

Наполи потоа прими два гола и загуби со 2:3 во претпоследната контрола пред продолжението на италијанското првнство.

Етиен Капуе и донесе предност на Жолтата подморница од Шпанија во 12. минута.

https://youtu.be/huT-fgesRp4

 

Само 120 секунди подоцна Виктор Осимен израмни на 1:1 по големата грешка на гостите.

https://youtu.be/B5YtQeni8iw

Џексон погоди за нова предност на Вилјареал во 67. минута откако го измами репрезентативецот на Италија, Ди Лоренцо.

https://youtu.be/TCBXC7JMEuo

Шпанскиот тим зголеми на два гола разлика во 70. минута со голот на Џерард Морено.

https://youtu.be/XXCnIwFNSpE

 

Наполи го постигна последниот гол на пријателскиот меч за конечни 2:3, а стрелец беше Квича Кварацхелија од пенал во 79. минута.

https://youtu.be/CjSfTVZsDBE

 

Наполи ќе игра само уште еден тест меч против Лил на 21. декември пред продолжението на Серија А.

Коло во Италија ќе има на 4. јануари, а Наполи ќе игра дерби со Интер во Милано.

Тимот за кој игра Елмас е лидер во Калчото по 15 рунди со 41 бод, 8 повеќе од Милан, 10 од Јувентус и по 11 од Интер и Лацио.