Бабунски заедно со Бојан Миовски се двајцата фудбалери кои играат извонредно сезонава, посебно во изминативе два месеци, а Бабунски својата одлична форма ја потврди и денес со голот како круна на тимската акција– од гол до гол!
Бабунски има 10 гола на 21 меч во првенството во Унгарија, а Дебрецин дојде до третото место на табелата, со само два бода зад вториот Кечкемети.
Одличната форма на Бабунски е добредојдена пред собирот за една недела на македонската репрезентација пред стартот на евроквалификациите против Малта.
На спротивната страна пак во финишот од клупата проба да помогне, Марио Илиевски, но дваесетина минути беа премалку за да направи нешто капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија.